Ќе се гради нуклеарка во нашето соседство

Бугарија би требало да ги обнови своите напори кои се однесуваат на изградба на нуклеарната централа Белене, според новата одлука на бугарскиот парламент.

Со таа одлука на министерката за енергетика и било наложено да започне преговори со потенцијални инвеститори.

Бугарските пратеници соопштиле дека министерката за енергетика, Теменушка Петкова, има рок до крајот на октомври да претстави предлог за избор на стратешки инвеститор и за структурата и финансирањето на тој проект, пренесува “Reuters”.

“Имаме желба, намера и политичка волја да побараме решение за тоа прашање кое се однесува на нуклеарната централа Белене”, изјавила Петкова во обраќањето во парламентот.

Кинеската државна нуклеарна компанија “CNNC” и рускиот “Rosatom” веќе изразиле интерес за учество во проектот.

Бугарската влада минатиот месец побарала од парламентот да ја укине забраната за развој на тој 10 милијарди евра вреден проект, шест години од неговото откажување.

Бугарија во 2012. година го откажала проектот за изградба на “Белене”, со сила до 2.000 мегавати, по неуспешниот обид да пронајде инвеститори.

Официјална Софија, исто така, се соочила со притисок од Вашингтон и Брисел да ја намали енергетската зависност о Русија, со која тогаш бил направен договор за изградба на нуклеарката.

Поради откажување на проектот, Бугарија морала да плати повеќе од 620 милиони евра на руската нуклеарна компанија “Rosatom”, но добила делови з два реактори со сила од 1.000 мегавати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e