400 воздушни напади во Дамаск за пет дена

Сириските авиони ракетираат јужни квартови во Дамаск, а од четвртокот до денеска извршени се 400 воздушни напади.

Владините авиони ги ракетираат квартовите во Дамаск кои се уште се под контрола на Исламска држава, а жителите се обидувaат да се спасат во подземни бункери, јави интернет страницата Syria Direct.

Најмалку 70 воздушни напади и 30 касетни бомби се фрлени на тоа подрачје, наведуваат извори блиски со опзицијата на Асад.

„Авионите постојано делуваат“, наведуваат сведоците.

Сириската државна агенција САНА извести дека „авионите извеле прецизни удари на квартот ал-Хајар ал-Асад“, тврдејќи дека се работи за позиции кои ги држат терористичката организација ИД.

Исто така, силите на Асад напредуваат и на терен. Офанзивата почна во четврток. Активностите наведуваат дека извршени се повеќе од 400 воздушни удари.

„ОН се загрижени за безбедноста и заштитата на десетина илјади цивили во јужен Дамаск.“, вели Линда Том, портпарол на Канцеларијата за координација на хуманитарните прашања на Он во Сирија.

Со основање на јужните квартови режимот на Асад прв пат од почетокот на војната ќе има контрола над цел Дамаск.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e