Зошто се нервозни во ДПМНЕ?

Почитувани пријатели,
Едно мое скромно видување и кратка анализа за ИСХОДОТ на овие ИЗБОРИ:

1. Во среда, на 15-ти, изборот е помеѓу две опции:
а) СДСМ и коалицијата – опција која нуди просперитет, развој,стабилност, ЕУ интеграции, модернизација на државата и многу прогес во сите области.
б) ДПМНЕ и коалицијата – опција која нуди неизвесна иднина, спорови со соседите, кавги со ЕУ и НАТО, повторно насилства, малтертирања, тортура врз сите граѓани, страв, неизвесност, нестабилност.

2. Целни групи на граѓани кон кои се обраќаа и обраќаат партиите во текот на кампањата:

а) Фокусот на кампањата на СДСМ е насочен кон сите здраворазумни, информирани и способни граѓани. Сериозни, чесни, домаќини луѓе.

б) Фокусот на кампањата на ДПМНЕ е насочен кон најнеинформираните и помалку писмените луѓе, наши сограѓани.

3. ЗОШТО СЕ НЕРВОЗНИ ВО ДПМНЕ?
На ДПМНЕ им е кристално јасно дека никој здраворазумен не им верува воопшто. Гледаат дека се прочитани…
Затоа, се фокусираа на неупатените.
ДПМНЕ ЗНААТ ДЕКА ГУБАТ.
ЗАТОА ОЧАЈОТ НА ДПМНЕ Е ЕВИДЕНТЕН.

4. ИСХОД НА ИЗБОРИТЕ

СДСМ ЌЕ ПОБЕДИ УБЕДЛИВО.
СДСМ ЌЕ ПОБЕДИ, бидејки бројот на паметни и информирани граѓани во нашата земја е доста поголем од бројот на оние заведените.
Информираните и паметните наши сограѓани секогаш знаат да проценат и да придонесат во клучни моменти. Го чувствуваат моментот кога мораат да се вклучат во процесот за спас од неписмените и неупатените.

Сите ние имаме среќа што останаа многу малце такви, помалку писмени…
Бројот на упатени и информирани интелегентни граѓани е многу поголем.
ЗАТОА СДСМ ЌЕ ПОБЕДИ УБЕДЛИВО!

5. АПЕЛ ДО СИТЕ ЗДРАВОРАЗУМНИ ГРАЃАНИ:

Почитувани пријатели,
во среда ќе се заврши еден процес, процес кој траеше со години.
Тој процес беше борба помеѓу конструктивноста и деструктивноста.
Овој процес ќе има исход во среда, на 15-ти!

Затоа ВЕ ПОВИКУВАМ:
сите паметни, домаќини луѓе земјоделци,млади успешни луѓе, студенти, и секој сериозен граѓанин кој што цени дека е дојден моментот да се расчисти со неедуцираните кои носат опасност од враќање на режим, ДА СЕ МОБИЛИЗИРАМЕ И ДА ГЛАСААТ ЗА БРОЈОТ 3!
Да не дозволиме иднината да ни ја креираат неупатените, заблудените и лековерните!

Секој разумен и нормален човек треба да знае дека мора да излезе и да гласа за доброто на него, семејството и државата.

Затоа Ве уверувам дека СДСМ ќе победи и ќе продолжи да ја движи државата кон развој, ЕУ и НАТО!

Да ја завршиме работата во среда, за да бидеме сигурни дека сме ги поразиле заблудените и помалку писмените.
ДА ИМ ПОКАЖЕМЕ ДЕКА СМЕ МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД НИВ!
За од среда понатаму, да бидеме спокојни и сигурни дека сме ставиле свое камче во мозаикот на успешната приказна која гарантира стабилна иднина!

ФБ статус на Ване Цветанов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e