Злосторствата со лустацијата

Законот за лустрација требаше да биде одамна поништен.
Со измените што во него ги внесоа груевистите тој се претвори во закон за бесрамно оцрнување и клеветење на живи и мртви непријатели на власта на Груевски.
Мртвите немаа можности да се жалат на одлуките, бидејќи со тој апсурден закон и нив има се забрануваше да обавуваат јавна функција.
Повеќето од нас живите се жалевме и со правосилни одлуки на Управниот суд дури по 4 години тортура, одлуките на Комисијата за Лустрација се поништени и прогласени за неважечки. Некои не се жалеа бидејќи законот со право го сметаа за бесмислица.
Цел свет ни се смееше на глупавата и бесмислена лустрација по 30 години независност на земјата.
Ништо не допираше до “одмаздољубвите „груевисти кои веруваа дека следните 100 години ќе бидат на власт.
Нивни истакнати политичари и министри како Антонио Милошоски си порачуваа како што видовме и слушнавме лустрации на луѓе и судии за да можат тој и татко му да прават криминал.
Денес ВМРО Груевистичка е против поништување на законот за лустрација и исправање на неправдите што тие ги направија. И наместо да се срамат, да се извинат и да одговараат за тој вид политичка тортура што ја спроведуваа тие се уште во нивните глави бркаат „кодоши и тајни соработници на полицијата од времето на комунизмот„
Тие се уште со овој чин покажуваат надеж дека за сите злосторства па и за лустацијата ќе останат неказнети, неоткриени, длабоко закопани во излузијата дека ако одново се докопаат до власта пак ќе можат по старо без било какви основи и докази да обвинуваат, осудуваат, и да оцрнуваат личности и цели семејства и во тој свој линч да уживаат.
Со овој чин покажуваат само дека Груевски е побегнат од казната но груевизмот е жив во Македонија во неговата најригидна форма,а партијата на Мицковски и неговата пратеничка група прават се да му направат споменик и да го слават.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e