Зиков: Мицкоски нема капацитет и чувство за коалиција која релаксирано ќе води кон ЕУ

… Оваа изјава на Мицковски директно го аргументира отсуството на негов капацитет за коалиција, и чувство за моментот, која релаксирано ке ја води земјата во преговорите за полноправно членство во ЕУ.

Исто така ставот на Мицковски покажува дека платформата на вмро дпмне е далеку од политиката на инклузивност на етничките заедници во мултиетнички коалиции (особено кога и Мицковски во својата коалиција има некои Срби, некои Власи, некои Турци, некои Роми !!!??? Само нема Албанци) …

Во дпмне манипулираат дек дуи преговараат со сдсм. дуи не преговара со сдсм туку со предизборната коалиција Можеме што е многу различно. Таа е новиот момент во македонската политичка стварност која зборува за решителноста на сдсм и Заев Македонија да ја однесат на сосема нов и повисок левел на патот кон она што денес се вика нормална и реална Европа. Но како што гледаме многу политичари по дома овде не мислат така …

Ова, пак, значи дека со ваква платформа дпмне нема шанси да прави влада овде на многу долг рок …

Инаку да … се согласувам …
Да не го решеше Заев проблемот со Грција, Бугарија, законот за јазици, новиот закон за јавно обвинителство … Да не направеше предизборна коалиција со беса … а да зборуваше само 27 април и крвавите настани во парламентот, како и за криминалите и режимот на дпмне, да не се залагаше за борба против организирниот криминал и политичкат и бизнис мафија, како и да раширеше максимален национализам со Грција (не го даваме името и продолжуваме со антиката како врвен дострел на македонизмот) како оној на Груевски … во тој случај сдсм сега на 15 јули ке имаше меѓу 58 и 60 пратеници …! И сега ќе немаше никаков проблем со преговорите за влада … Исто како Груевски.

Тоа, драги мои, ќе беше супер за сдсм, но немаше да биде добро за Македонија … Ви текнува ли?

Фотографија на Ljupco Zikov.
ФБ реакција на Љупчо Зиков 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e