Жерновски заминува од МНР: Времето и историјата допрва ќе ги потврдат успесите на македонската држава на надворешен план

Со завршување на летото, некако симболично заврши и мојот мандат во Министерството за надворешни работи.
Ми беше чест и задоволство да работам во македонската дипломатија во периодот кога ги постигавме најголемите успеси на надворешен план- полноправното членство во НАТО и одлуката за почеток на преговори со ЕУ.
МНР е куќа во која работат врвни професионалци и дипломати, посветени на интересите на својата држава. Со таквата одговорна мисија, тие градат државност промовирајќи ги и афирмирајќи ги националните вредности и интереси.
Убеден сум дека успесите на надворешен план ќе продолжат и дека новото раководство на нашата куќа ќе соработува успешно како што тоа го правевме министерот Димитров и јас.

Благодарност, пред се’, за поддршката и одличната соработка со премиерот Заев, кој ми ја додели довербата да бидам дел од Владата со која раководи. Времето и историјата допрва ќе ги потврдат неговите и успесите на македонската држава на надворешен план.
Благодарност и до МНР Никола Димитров, кој одлично и одлучно го водеше министерството низ сите искушенија пред кои беше исправена нашата дипломатија. Негова заслуга е што функциониравме како одличен тим.
Секако, голема и искрена благодарност до сите колеги вработени во министерството, без кои немаше да успееме.

На новиот МНР Бујар Османи, како и на ЗМНР Исаки, им посакувам личен и зеднички успех!

ФБ статус на Андреј Жерновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e