Жерновски: Историскиот исчекор што се направи со Преспанскиит договор ги надминува и регионалните граници

Средбите на премиерот Заев и владината делегација во Атина со неговиот колега Мицотакис и претседателката Сакеларопули, кои се реализираат на самиот почеток од фунционирањето на новата Влада, се повеќе од симболично означување на успешниот напредок на односите меѓу двете земји.

Историскиот исчекор што се направи со Преспанскиит договор ги надминува и регионалните граници, а она што треба и мора да не’ радува најмногу е сознанието дека на овие средби повеќе не се зборува за МИНАТОТО, туку за ИДНИНАТА.

Македонските и грчките колеги веќе одат исчекор понапред и како резултат на тоа, договорени се нови проекти од областа на енергетиката, економијата и културата.

Пораките што нашите две држави ги испраќаат во Регионот, но и во светот, се пораки на силни стратешки парнерства, отворени можности и заеднички интереси.

ФБ статус на Андреј Жерновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e