Зеќири: Гладна кокошка просо сонува

Мухамед Зеќири, потпретседател на СДСМ, на својот Фејсбук профил објави статус “Гладна кокошка просо сонува”.

Статусот се појавува следствено на денешните информации објавени од “Коха”, дневен весник на албански јазик, според кој СДСМ и ДУИ наводно постигнале договор за формирање нова влада, а го спомнуваат и концептот на “ротирачки премиер”.

Информацијата брзо се прошири во медиумскиот простор и на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции, па неофицијално истата беше демантирана и прогласена за лажна вест и од високи функционери на СДСМ, но и од генералниот секретар на ДУИ, Артан Груби.

Пораката на Зеќири е јасна, а на јавноста и останува да почека до 4 август за кога СДСМ најавува неофицијален почеток на преговарачкиот процес.

ФБ статус на Мухамед Зеќири

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e