Заразна амнезија

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Горан Михајловски за СДК:

-Премиерот Зоран Заев, кога беше лидер на опозицијата во 2016 година, сите прес конференции на кои ги пушташе бомбите со прислушкуваните разговори како сведоштво на злосторствата на режимот на Никола Груевски ги завршуваше со зборовите „Ова зло да не се повтори“.

Сите протести што беа предизвикани од тоа што го слушнавме во бомбите, бунтот против аболицијата на Ѓорѓе Иванов, битката за поддршка на Специјалното јавно обвинителство, Шарената револуција, одеа под паролата „Нема правда, нема мир“.

Така зборуваше Заев опозиционерот. Заев премиерот сега зборува за помирување. А правдата?

Еден пријател деновиве на Фејсбук напиша: „Ќе се смират со нив, за да се скараат со нас“.

Какво помирување може да има, кога уште не го знаеме нарачателот и организаторот на нападот на Собранието на 27 април лани? На последното судско рочиште пуштија видеоснимка, на која се гледа дека лицето што дента се слушнало со телохранителот на Груевски додека биле во Виена, со фантомка излегува од Кабинетот на престседавачот на Собранието Трајко Вељаноски. Каква била улогата на Вељаноски? Какво помирување, кога уште не е истражена улогата на претседателот Ѓорге Иванов?

Ние до сега не чувме ни извинување за нападот на Собранието на 27 април. Врз основа на што вмровците го бараат помирувањето? Ако веќе се помируваме, да дознаеме за што сме биле скарани. Оти, на телевизија видовме дека тргнале да убиваат. А тие викаат дека се жртви на политички прогон.

И сега, како ќе оди помирувањето? Оти, за помирување двете страни треба да бидат кабает. Ние треба да им простиме оти сакале да нѐ убијат. А тие да ни простат оти политички сме ги прогонувале.

И со тоа се враќаме на почеток. Верзијата на ВМРО-ДПМНЕ за нападот на Собранието станува официјална. Немало напад на Собранието.

Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e