Заговорот на сијамскиот близнак

Текстот е превземен од  www.civilmedia.mk.

-„Немам ништо против што потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, во колумна во „Независен весник“, влегол во жестока политичка конфронтација со ДУИ. Дури немам намера ни да ги толкувам неговите мотиви за тоа. Само ми пречи бесмисленоста на заговорничката теза што тој ја пласира како појдовна основа за судирот со ДУИ: Николовски реторички се прашува дали потпретседателот на нашата Влада, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, имаат таен договор Османи намерно да ја успорува евро-интегративната реформска агенда на нашата држава, за премногу да не ја „засениме“ Албанија со нашата успешна европска приказна, па Албанија наместо со нас, да остане „врзана“ за Босна и Херцеговина и за Косово во „тимското“ припојување кон Унијата?!

Од таа теза, натаму, Николовски разврзува цела конспирација, на линија на добро познатите српско-македонски националистички тврдења за тоа дека на Албанците, во принцип, не треба ништо да им се верува, бидејќи тие, како и да го свртиш – а особено кога еден од Албанија и еден од Македонија, ужас, ќе се сретнат на Косово!!! – работат само за големоалбанските интереси на Балканот. Не го кажува тоа Николовски баш со тие зборови, но токму тоа го мисли.

Целата колумна на Сашо Ордановски за CivilMedia прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e