Алан Форд ја покори Европа!

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

-Го одгледав настапот, и реакциите на говорот на Заев во Европскиот Парламент. Беше тоа обраќање на лидер на една мала европска земја кој успеа да ги погоди речиси сите „струни“ важни за моментните „штимања на инструментот“ со коишто се занимава најуспешниот проект во историјата на светот за помирување и прогрес низ соработка, Европската Унија. Македонскиот премиер прокламираше интеграција, стабилност, права, толеранција, почит, разбирање за различностите, прегратки за соседите… И сето тоа кажано на македонски јазик, овој што со Преспанскиот договор го „продадовме“ на Грците, со еден директен речник, без непотребни интелектуални бравурии, искрено, на места самокритично и по малку европски апологетски, но оптимистички и струмички топло!

Така ви е тоа кај овој муртински Заев: Речиси сè што гледаш во излогот, го наоѓаш и во дуќанот. Добро, злобниците би рекле дека дуќанот му е како алан-фордовска пиљара, каде вагата е малку криво баждарена, а повремено се штеди и на фискални сметки, ама треба да сте политички хај-хуј ако мислите дека кај Европејците ќе поминеме со квази-антикварница, дуќанот што со години го нуди со својот позлатен (со поликолор) излог домашната конкуренција на Заев. Забораваат дека низ европските метрополи барокот е оригинален, како и столиците од периодот на Луј XIV.

Следствено, настапот на Заев беше прекинуван со аплаузи на отворена сцена, а на крајот проследен со неколкуминутно стоечко ракоплескање на големо мнозинство од сегашните 751 европарламентарци, со овации, комплименти, пријателски потчукнувања по рамо и чекање на ред за селфи со македонскиот премиер. Могерини го испрати не до излезот на зградата во Стразбур, туку со владиниот авион до Скопје.

Има разлика. Светлосна.

Оваа европејска демонстративна симболика говори и за деликатниот момент во кој се наоѓа европската политика во чиј контекст беше дочекан Заев во Стразбур. Следуваат европските избори во мај 2019 година на кои демократските и либерални европски сили, и лево и десно од центарот, ќе се судрат со популистичките десничари и со крајната европска десница, за да го спречат натамошниот раст на анти-еврпските, радикални, крипто-фашистички движења и партии ширум Западна Европа.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e