ВМРО – ДПМНЕ ја гледаше кризата само како шанса за глас плус

Мицкоски призна дека бил у кафана пошто не ги знаел доволно протоколите.

Сега ќе ви кажам и зашто не ги знае. Не ги знае затоа што ДПМНЕ и нивните министри и заменици министри немаат ни грам учество во макотрпното работење на здравствено – безбедносните протоколи. Немаат придонес во ниту една мерка која ги опфаќа најпогодените граѓани и економски гранки. За земјоделството посебно, лично ви гарантирам дека е така.

Иако се дел од техничката Влада, Советот за безбедност и безбројните лидерски средби, фајдата од нив е 0. Нула.

Мицкоски велеше СДСМ се крсти да има корона за ДПМНЕ да не излезе на улиците. Па најавуваше кривични за Филипче. Па не сакаше вонредна, па бараше вонредна, па бараше карантини, па после ги критикуваше. Ги критикуваше и протоколите, ама тоа да ти било бланко критика – пошто еве, не ги знае. У цело тоа време Наќе најави оти полицијата нема да казнува, пустите бригу на весеље.

Шо сакав да кажам. ВМРО – ДПМНЕ ја гледаше кризата само како шанса за глас плус. Они не знаат како беше да се седи на работа до ниедно време во услови на пандемија, за да има протоколи и мерки. Наместо да ја поделат одговорноста како дел од Влада на една кревка држава, одеа по теретани, кафани, излетнички места.

И пази, сето ова од позиција на опозициска партија. Напрај математика како би практицирале власт

Точка

ФБ статус на Никица Бачовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e