(ВИДЕО) Орданоски: Немам оптимистичка прогноза, се плашам дека повторно влегуваме во нешто што добро го знаеме последните 30 години…

Сашо Орданоски, политички аналитичар и член на Експертскиот борд на ЦИВИЛ, учествуваше во панел дискусија што  ЦИВИЛ ја организираше веднаш по завршување на референдум.

Орданоски во контекст на придобивките и последиците од референдумскиот процес обрна внимание кон она што не очекува во блиска иднина на општествено-политички план, а како резултат од очекувања и добиените резултати од излезноста и гласањето на референдумот.

„Во Македонија политиката е zero -sum game,  што во политичката и економската теорија или некој мора 100% да победи или 100% да изгуби. Вие во таква ситуација по ваков вид на големи општествени проекти како што е референдумот се соочувате со една реалност каде едните слават победа, а другите пораз, а во суштина се работи за една високо истакната волја на голем дел од населението, која потоа политичките реторики ги толкуваат потполно различно“, изјави Орданоски.

Анализирајќи ги говорите на Зоран Заев и Христијан Мицкоски, Орданоски смета дека она што не чека е најверојатно вонредни парламентарни избори.

„Се плашам дека повторно влегуваме во нешто што добро го знаеме последните 30 години, а тоа е нова политичка криза… немам оптимистичка прогноза иако јас мислам дека оваа цифра на луѓе што излегоа да гласаат, мислам дека е тоа една сериозна основа за политички процес што опозицијата го отфрла, барем според првичните најави…“, истакна Орданоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e