Весковски: Денес, наместо да фрлате со камења, можевте да дадете поддршка. Помина оваа Влада многу, ќе го помине и ова

Лесно е денес да се критикува, впрочем тоа и беше нашата борба – Македонија слободна, демократска. Но, денес кога картите се отворија повеќе од јасно е дека многумина “македонци”не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ. Молчевте сите кога бевме заробена држава, молчевте кога на плеќи го носевме товарот “Преспански договор” со кој решивме 30 годишен спор, без да чепнеме во јазикот и нацијата. Не можевте и не сакате да прифатите дека нашата земја стана полноправна членка на НАТО. Денес, кога сме исправени пред портите на ЕУ – едно е јасно, македонскиот јазик и македонската нација се забетонирани во сите меѓународни институции. Дополнително, категорично Владата кажа за јазик и нација не преговараме. Идентитетот е зачуван.
Почитувани, сите имавте шанса да ја направите Македонија светол балкански пример во изминатите три децении, но се чини дека не сакавте. Ова се специфични и деликатни моменти за поновата македонска историја. Нека биде кристално јасно – оваа Влада која ја предводи Зоран Заев на свој грб ги износи мачните, тешките, специфичните договори со Грција, Бугарија. Се криевте како “државници” зад параванот на патриотизмот, а всушност ве интересираше се, само не државата. Македонија постоела и ќе постои, задкулисните игри нека ви служат на чест. Денес, наместо да фрлате со камења, можевте да дадете поддршка. Помина оваа Влада многу, ќе го помине и ова. Но, историјата ќе памети дека Зоран Заев и неговата влада беа тие кои ја внесоа Македонија во европското семејство и кои ќе направат модерна европска држава. Време е да се ослободиме од рецидивите од не толку далечното минато. Македонскиот јазик и нација опстоиле со векови, ќе опстојат и сега. Зашто, за нив преговори нема.
ФБ статус на Душко Весковски, организационен секретар на СДСМ

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e