Ужасната леснотија на говорот на омраза

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Биљана Секуловска за Нова ТВ:

Љубителите на говорот на омраза може силно да ги запрепасти една вест која ми привлече деновиве внимание – донесена е првостепена пресуда на уредник на “Информер” во Вишиот суд во Србија, за кршење на забраната токму на говорот на омраза.

Можеби ќе помислите- ништо особено всушност не сторил овој уредник- вообичаена пракса за македонските уживатели на говорот на омраза: објавил вест за “странските платеници, соросоидите, шиптарите, домашните предавници, со еден збор- фашистите”, со наслов “Војна на странските платеници”.

Ви велам, ништо спектакуларно- некој можеби и ќе помисли- секојдневни вести во медиумите кои тука ги читаме и слушаме повеќе од една деценија, за нас, новинарите, активистите, професорите, активистите, она малку интелектуалци кои останаа борбени во оваа земја.

Сителовите сеачи на говор на омраза- Цаци и Сарма

Говорот на омраза беше објавуван со особена страст последнава деценија на груевизмот, и кај некои сè уште е на сила: разни миленковци, мирки, латасовци, ивони, цациевци, сарми, јанковци, кој сè не, кои сè не, најпрво објавувани на порталите со едно заедничко име -куририте, а потоа вообичаено, хорски, по некој Павлов рефлекс, ги пренесуваа телевизиите Сител, Канал 5, Алфа.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e