Тунева: Ако не успееме да сме самодисциплирани, бројот на новоинфицирани ќе расте

Воведувањето нови ограничувања или олабавувањето на мерките околу заштитата од ширењето на коронавирусот стана тема на пресметки од секаков вид. Имам чувство дека секој искажан став се скенира како баркод за да се утврди кој од каде е, кон кого влече, кому му припаѓа, дали е во (о)позиција, брани или напаѓа некого, има ли прикриен мотив, и што ли уште не.

Како уште не разбираме дека ова не е тема за профитерство од каков било вид, не е ни игра на среќа, не е ни игра на нови животни можности….

Не постојат алтернативи на самодисциплината и на разумниот пристап во борбата со пандемијата. Ќе го цитирам лекарот од Инфективна клиника Fadil Cana, кој синоќа на ТВ одлично објасни дека ако не успееме да сме самодисциплирани, бројот на новоинфицирани ќе расте. Додаде и дека „ако веќе има ваква бројка на новоинфицирани и ако во следните денови одиме на уште поголемо олабавување на мерките, тогаш не знам зошто досега беа потребни рестриктивните мерки“.

Процесот е само еден, учиме да правиме нешто правејќи го тоа. Бирајќи меѓу различни алтернативи, треба да се прашаме не само како ќе се справиме со непосредната закана, туку и со каков амбиент ќе се соочиме откако ќе помине бурата. Не знам колку сме (не)свесни дека одлуките на народот и на власта во голема мера ќе влијаат врз обликувањето на нашата економија, политика, здравство, култура…

Уште еднаш, низ зборовите на лекарот, „не е ова игра пред финале пред која се предаваме, ова е борба на истрајност, да дадеме сѐ од себе, нешто повеќе од тоа што нам ни се допаѓа“.

ФБ статус на Марина Тунева

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e