Ти си знаеш

-Јавноста во соседна Србија деновиве остана згрозена од фактот дека една пензионирана судијка се пријавила за втората сезона од реалното шоу „Задруга“. Додуша, да бидеме чесни, не целата, само еден дел од јавноста бурно реагираше, тврдејќи дека тоа е недолично и срамно за целата судска фела, додека еден друг дел застана во одбрана на ријалити-судијката со тезата: „Секој е слободен да одлучи што ќе прави, не крши никаков закон!“

Секоја сличност на оваа вторава теза со „ставот“ на Христијан Мицкоски за референдумот се надевам е случајна. Но, не би се изненадил и ако не е случајна, зашто тоа е истото културно милје од кое произлегуваат ваквите личности – задругарскатурбофолкерскакултура, која верува дека во постапките и во однесувањето на луѓето има само нешта ограничени со закон, но не и со елементарна пристојност, а уште помалку со лична одговорноста и со морал.

Да се разбереме, не може основата премиса во една демократија да биде партиски став за кое било прашање, а најмалку за некое што носи етикета на највисок државен и национален интерес. Тоа дека секој граѓанин според својата волја ќе одлучи како ќе гласа е на сила веќе три децении и не е став, тоа е нешто за што сме се договориле уште кога Мицкоски (и јас како негов врсник) не сме биле ниту полнолетни, односно кога генерацијата пред нас се определила за плурализам и демократија.

Ако е доволно будала, Мицкоски може и пред секои избори да им кажува на граѓаните да одлучат по сопствена волја.Тоа е како на курс по пливање, наместо како да пливаат, кандидатите-непливачи да ги подучуваш за нешто што и самите го знаат. На пример, дека водата е мокра и дека пливањето е индивидуален спорт.

По ваквиот антологиски „став“, логично се поставува прашањето дали, според логиката на ВМРО-ДПМНЕ, кога партиите на избори им викаат на граѓаните заокружете го тој и тој бројизберете тоа и тоагласајте вака и вака, всушност го девалвираат нивното право самите да одлучат и да изберат, без никој да им кажува што да прават. Дали од ова произлегува дека гласачите се малоумни за време на избори, а мудри и паметни за време на референдуми?
Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e