Сугарески за Филипче: Ставете се во неговата положба во овој период, ако сте луѓе, ќе ве полазат морници!

Може со Венко да не се согласувате идеолошки, но да ја оспорувате неговата посветеност во борбата со пандемијата е обично лицемерно “хејтање”.

Само за момент, обидете да се ставите во неговата положба во овој период, ако сте луѓе, ќе ве полазат морници. Не да не му е лесно, туку е ужасно тешко за што треба и храброст, нерви и емоционална стабилност. Носи претешка одговорност на своите плеќи. Се бори за заболените, за своите колеги, за сите граѓани, за јавното здравство…..не мора да го сакате, барем почитувајте го него, сите лекари и целиот медицински персонал кои деноноќно вложуваат натчовечки напори да се справат со опасниот вирус! И ако веќе не помагате, барем не одмагајте! Аман луѓе освестете се, ова е борба за живот, не за политички поени!

ФБ статус на Горан Сугарески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e