Сугарески: Никакви 100 милиони евра никој не треба да плати, ќе има арбитража

Во врска со најновата продукција на лажни вести од опозицијата, сакам да го кажам следново: Никакви 100 милиони евра никој не треба да плати, ќе има арбитража. Второ ќе се продолжи изградбата на експресниот пат и уште нешто, есенва ќе биде рехабилитиран постоечкиот пат од Фариш до Дреново.
Епа почитувани душегрижници кои 11 години градевте споменици, плаќавте пари за жални врби и палми кои се исушени во градовите, бидете сигурни, не само овој пат туку и многу други ќе бидат направени насекаде низ државата.

Фејсбук статус на Горан Сугарески, министер за транспорт и врски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ