Сугарески: Министерството за транспорт и врски е мотор на инфраструктурните инвестиции

-После 2 и пол години од падот на режимот на Груевски, доаѓа ред да повлечеме линија. Да се погледнеме очи во очи со граѓаните, кои се единствените кои даваат или одземаат власт. Да зборуваме за тоа што сме ветиле и што сме исполниле. Да најавиме и нови проекти кои ќе ги реализираме овој мандат! Нашата држава е огромно градилиште. – пишува министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

-Нема општина каде не се гради. Министерството за транспорт и врски е мотор на инфраструктурните инвестиции. Билансот на крајот на 2019 ќе биде 100% државна магистрална гасификација (од ДПМНЕ затекнавме само дупки кои зјајеа празни), изградба на социјални згради – 100% реализација. Завршивме или во моментов реконструираме 44 патишта или вкупно 550 километри, инвестиција од преку 850 милиони евра што по вредност и обем е историски најголем потфат за модернизација на инфраструктурата (на ДПМНЕ му требаа 11 години за 650 км, Ние за само 2 години завршивме 550 км). За регионално поврзување со соседите и подобрување на економската моќ на државата ги интензивиравме работите за изградба на железницата кон Бугарија. Ја завршивме изградбата и на пругата од Битола до Кременица. Градиме водоводи и канализации што ќе им го решат цивилизацискиот проблем на 225 илјади жители. Тие што сега се обидуваат лажно да продаваат “обнова”, народните пари ги трошеа на жални врби, камен, бронза, нелегално прислушување и ги испумпуваа на оф-шор сметки. – наведува Сугарески.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e