Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ за препуштање на власта!?

Одстапупување на власта преку попречување на коалицијата предводена од СДСМ да ја преземе согласно законските процедури а со цел на тој начин да си обезбеди џокери за да ја оспорува постојано за да може на тој начин и да ја држи на некој начин под контрола за да може, пред се врвното раководство да се извлече од кривичен прогон.

Токму тоа се случи со остапувањето да ја преземе Талат Џафери функцијата претседател на Собранието иако неговиот избор го оспоруваат и во тоа ќе продолжат за што имаат аргументи содржани во Деловникот кој претходно пак го злоупотребуваа со репли, контрареплики, процедурално…

Истото можно е да се очекува и при изборот на Владата преку тоа што можно е Иванов да не го даде мандатот и таа да биде сепак избрана во Собранието и потоа постојано д аи демне опасноста дека таа може да биде укината од Уставен суд и тоа да не се случи, сепак таквата Влада ќе биде постојано критикувана дека не е законски избрана и со тоа да биде нејзината ефикасност опструирана.

Ваквите постапки ќе се одразат на државата, да се надеваме дека наскоро ќе се исправат/занираат и функционирањето на државата ќе се врати во рамките на Уставот и законите.

Митко Јованов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e