Спасов за ставот на Мицкоски: Лидерот ги предаде следбениците

По соопштениот став на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски доцна синоќа, професори и политичари се јавија со став коментирајќи го кажаното дека на референдумот треба секој да се изјасни по сопствено убедување.

Во прилог ви го пренесуваме ставот на професорот и политичар Ѓорги Спасов.

“Водач

Секој да постапи според своето убедување.
А има ли Мицковски како водач свое лично убедување. И можно ли е да каже како тој лично ќе постапи за време на референдумот според тоа убедување. Нели цитираше умни мисли. Ако водам-следете ме. Ако се колебам -потурнете ме. Ако ве предадам-убиј те ме.
Како да го следат ако не знаат кај води,кој е неговиот личен пример.
Кој да го поттурне ако им се чини дека лично се колеба или плаши.
А предавство од лидер е и кога ќе им каже на следбениците -правете што сакате.
Вечерва тој кажа:
Што и да се случи на референдумот јас за тоа немам било каква одговорност. Јас ќе ја почитувам волјата на народот. Со други зборови: Јас следам. Јас не водам.’

Фејсбук статус на политичарот и професор Ѓорги Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e