Совеста е многу растеглива материја

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

-Да се обидеме да појасниме што ѝ соопшти вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на македонската јавност на онаа речиси полноќна прес-конференција – во комитски стил, мора да падне мрак, за да се донесуваат историски одлуки, како да не може таа повеќемесечна драмолетка да се резимира цивилизирано, во пристојно, домаќинско време, во дванаесет на пладне, на пример!

Имено, ако ја прескокнеме целата патриотска патетика и вообичаениот здодевен бараж од обвинувања кон власта и на сметка на омразениот Заев (добро, де, и СДСМ тој дел не би го пропуштила на сметка на опозицијата и Мицкоски), суштината на вчерашната порака е следна: не што членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ добија официјално „зелено светло“ да решат самите („според сопствената совест“) што мислат да прават на референдумот, туку тоа право сега и официјално им е дадено на ПРАТЕНИЦИТЕ на опозицијата во Собранието!

Тоа е политичката суштина на одлуката на ВМРО-ДПМНЕ. (Друго прашање е дали и самиот Мицкоски ова го разбира?)

На тој начин, се обезбедуваат неколку работи: прво, партијата веќе од полноќ да не се распадне од внатре, со кавги во раководството и јавни фракциски објави за тоа што треба да се прави по повод референдумот; второ, популистиве „да ѝ се поклонат“ на одлуката на „народот“ на успешниот (консултативен) исход од референдумот; и, трето, најважно, да се зачува позицијата за пазарење во Собранието кога ќе дојде ред да се гласа промената на Уставот. Бидејќи, ако на партиските членови и симпатизери им се овозможи правото да ја консултираат сопствената совест, тоа секако ќе може да го искористат и барем грст пратеници од ВМРО-ДПМНЕ чии гласови ќе недостасуваат за финалната собраниска егзекуција на Договорот од Преспа.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e