Што правиме ако се договорат Ципрас и Заев

Додека чекаме да се чујат по телефон или да се видат во живо, премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, и да му соопштат на светот дека тридеценискиот спор, позамресен од Гордиевиот јазол, е одмрсен, ми дојде на ум една приказна од соседството за која велат дека е чиста вистина.

Еден ден српскиот патриот Вук Дршаковиќ, како министер во владата, го прашал премиерот што ќе се случи ако Албанците од Косово побараат да се вратат во состав на Србија. Одговорот бил: „Не дај боже“. Да, таа е реалноста, ама како да ѝсе соопшти на јавноста. Си велам што ќе се случи кај нас, кај нашите патриоти, ако навистина Грција и Македонија најдат заеднички прифатливо и одржливо решение кое двете страни ќе ги направи подеднакво среќни да прогласат победа, или подеднакво несреќни оти не добиле сѐ што сакале, што во двата случаи е подобро, отколку да нема решение. Неодржливо ќе биде ако едната страна прогласи голема победа, а на другата превагне чувството дека е потпишано предавство на националните и државни интереси.

Навистина, може ли да се претпостави какви ќе бидат реакциите кај нас ако премиерите Ципрас и Заев заеднички го пресечат јазолот како Алексндар, и Велики и Македонски, и дадат согласност дека е подготвено прифатливо решение. Или, спротивно на тоа, што ќе биде, ако владите објават соопштенија дека решение нема, преговорите пропаднале поради вината на другиот. Се работи за прашања и претпоставки кои секогаш треба да се примат со резерва, но мислам дека најголемиот број граѓани на Македонија можат да погодат какви ќе бидат реакциите и во двата случаи, односно и да има и да нема решение.

Колумната на Ерол Ризаов во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ