Шилегов: На луѓето позитивни на Ковид 19 им треба поддршка, не жигосување

За менталитетот:

Живееме во време (невреме) на светска пандемија или ако повеќе сакате, и локална епидемија на вирусот Ковид 19. Значи, не е грев, уште помалку срамота, човек да биде позитивен на коронавирусот. Напротив. Нормално е.

Овој вирус не бира националност, вера, политичка припадност, функција, работно место, пол, возраст …

Зошто ова го велам ?

Осеќам дека се прави атмосфера на анатемисување на луѓето кои се позитивни на коронавирусот. Ваквото нивно суптилно жигосување, прави да секој од нив (нас) се срами (крие) дека има симптоми од инфекцијата и со тоа да го доведува во прашање здравјето на заедницата.

Ковид 19 позитивен, може да е било кој. На тие луѓе им треба поддршка, не жигосување. Со поддршка, секој од нас, на некој начин придонесува оваа инфекција помалку да се шири. Затоа, почитувани, Ве молам, без осуда (судење) јавно или суптилно.

На секој може да му се случи. Секој е потенцијален пациент. Да се чуваме едни со други.

ФБ статус на Петре Шилегов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e