Се подготвивте ли за шутирање пенали?

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа:

-Во минатонеделниот текст во „Њујорк тајмс“ – ни помалку, ни повеќе! – поздравите во Македонија, и за оние кои најтешко сфаќаат, беа испратени недвосмислено јасно: антиреферендумската операција, во која учествуваа Груевски, Иванов и Мицкоски со една чета разно-разни епизодисти и лоши каскадери  – како една од следните фази во обидот за реставрирањето на Фамилијата на власт – била, во еден значаен дел, координирана и финансирана од Москва. Тој дел од операцијата е солидно документиран.

Пред тоа си беше предупредено дека од Македонија се подготвува да се создаде нова Република Српска на Балканот, што е операција којашто, се извинувам, нема да може да се изведе, и покрај најлошите намери.

(Мала дигресија: ако смеам да забележам, кога со недели и месеци, сто пати фино им го кажувате тоа на македонски јазик, не ве земаат за сериозно; кога еднаш-два пати ќе им се повтори истото тоа малку погрубо и на англиски, одеднаш сите се алармирани, вознемирени и станува вест за насловни страни!)

Ете, така, во нашиот национален натпревар за евроатлантски интеграции дојдовме до делот за шутирање пенали, откако се квалификувавме во финалето (Преспански договор) и успешно ги поминавме продолженијата (референдумот). Додуша, се знаеше однапред дека овој натпревар ќе заврши „на пенали“ во Собранието, бидејќи така е предвидено и во Преспанскиот договор…

А со пеналите знаете како е – никогаш не се знае!

Сепак, за да се знае малку повеќе, читам викендов, неделава, наводно, ќе се апси Груевски со сите подизведувачи (од Агенцијата за разузнавање, од АРМ и од други средини во кои виреат „сомнителни лица“ по прашањето на евроатлантските интеграции) кои си мислеа дека подготовката и извршувањето на обидот за ланскиот државен удар на 27 април (во соработка со најмалку една соседна странска служба, а под надзор на постариот им брат), по што требаше да следува прогласување на вонредно-воена состојба и апсења, ќе си помине само со судењата на оперски пејачи, глумци, ступидни блогери, неколку пратеници, Чавков „комада еден“, два-тројца платени ликвидатори и неколку десетици патриоти-насилници…

Колумната во целост прочитајте ја на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e