Савески: По ставот на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ заминува во историјата

Со коментар по обраќањето на опозицискиот лидер во јавноста, се јавуваат и граѓанските активисти.

Здравко Савески на Фејсбук, пишува дека колку и да биде сервилен Мицкоски кон империјалниот господар, тој ќе го префереира Заев и дека ВМРО ДПМНЕ заминува во историјата.

„ВМРО-ДПМНЕ заминува во историјата. Како што се очекуваше, под силен американски притисок, не излегоа со јасен став околу референдумот. За прашање кое, наводно, им е многу важно. Претходно, не побараа истовремени предвремени избори што ќе подразбираше влада со нивен премиер да го организира референдумот.

Веројатно се трампаа со власта. После референдумот веројатно во име на „националното помирување“ ќе им го амнестираат главатарот и неговите соработници.

ВМРО-ДПМНЕ заминува во историјата поради следните 2 причини. 1) Во новонастанатите околности, тешко дека повторно ќе им биде дозволено да дојдат на власт. Колку и да биде сервилен Мицкоски кон империјалниот господар, тој ќе го префереира Заев, како вазал кој се докажал. 2) Партијата ќе биде растргната помеѓу про-американското и про-руското крило, кое, ако веќе не е формирано, набрзо ќе се формира.

Вртете-сучете како сакате, поради непромислената политика на Заев, Македонија стана уште една од земјите во кои се борат за превласт американскиот и рускиот империјализам, кој доби шанса во Македонија само поради непромислената политика на Заев. Тоа ќе има свои реперкусии по стабилноста, демократијата и животниот стандард. Скапа ќе биде цената што ќе ја платиме“.

Фејсбук статус Здравко Савески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e