Сарачини за омразата во општеството: Некои жртви се поеднакви од другите

СЕ ДОДЕКА НЕКОИ ЖРТВИ СЕ ПОЕДНАКВИ ОД ДРУГИТЕ, НЕМА РЕШЕНИЕ ЗА ОМРАЗАТА

Деновиве лидер на партија и цела машинерија се бавеше со лаги и лажни обвинувања кон активисти за наводен „антисемитизам“. Јавноста повеќе се бавеше со лажниот антисемитизам и наместо да ја спружи партијата што со години го охрабрува и лажно обвинува луѓе, спружуваше луѓе кои тоа и го предочија.

Пред тоа, и таа партија и нејзината пропагандистичка машинерија, но и лидер(и) на друга партија и машинерија постојано плукаат, „спружуваат“ и се закануваат на активисти, новинари, службеници, луѓе. Ретко кој се мрднува и возбудува. То е „нормално“. А штом џелатите имаат дури и мала можност да се плукнат по некого за наводна „омраза“, кон нив редовно се приклучуваат разни неутро-моралисти и манипулатори.

Лично сум речиси секојдневна жртва, но и интензивно и професионално го следам говорот на омраза во нашиот јавен простор. За мене со години никој организирано не се буни. Навикнале луѓето да бидам „спружуван“. Можеби тоа и „го заслужувам“.

Затоа, не можам да избегам од впечатокот дека некои жртви се поеднакви од другите. Јавност која се возбудува селективно за едни жртви, а дозволува жестоки хајки и говор на омраза кон други без да мрдне со прст, е осудена на неуспех во борбата со омразата.

Зошто? Затоа што омразата живее од поделбите, од селективноста, од молкот и стравот. Сетете се на познатиот цитат на германскиот бискуп и нацистите, што честопати го гледам како се споделува кај нас. Кога ќе дојдат по вас и ќе нема кој да ве брани, тоа ќе биде така затоа што сте молчеле кога доаѓале по другите и ги требеле и спружувале, еден по еден.

За борба против омраза, потребна е солидарност и неселективност, а не бранење на жртви само ако ни се блиски.
ФБ статус на Петрит Сарачини

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ