Сарачини: Земете ги за вистинити само оние информации кои доаѓаат од официјални извори и од сериозни медиуми

Драги пријателки и пријатели, за корона вирусот – земете ги за вистинити само оние информации кои доаѓаат од официјални извори и од сериозни медиуми, кои ги поткрепуваат информациите со официјални извори, податоци и документи.

Не потпаѓајте под влијание на оние што сакаат да профитираат било политички или финансиски од поттикнување на збунетост и страв меѓу луѓето. Ширењето на невистини или какво било доведување во ризик на јавното здравје, во време кога сме под закана од пандемија, е кривично дело. Секој треба да се соочи со таа одговорност.

Одговорното, смирено, рационално однесување и потполното следење на препораките на здравствените власти – е најдобро нешто што можете да го направите за вашето и здравјето на вашите најблиски, вашата околина и земја.
ФБ статус на Петрит Сарачини

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e