Сарачини: А наспроти се оние што го нудат „славното“ минато на омраза, поделби, војни, крв – оние што нудат „обнова“

Како на филмска лента, ми се свертеа многу други реални, вистински моменти. Најпрвин се сетив на младите студенти и сите други протести на кои ги врзувавме знамињата и се обединувавме против злото, надминувајќи ги нашите етнички, верски, политички, сексуални и секакви други поделби. Што е тоа ако не иднина и Европа, кон која се стремиме? – пишува Петрит Сарачини во својата најнова колумна.

А наспроти се оние – што го нудат „славното“ минато на омраза, поделби, војни, крв. Враќање назад кон „корените“, вклучувајќи го и нивното јадење. Оние де, што нудат „обнова“. На надалеку прочуената децениска „преродба“, во сто и повеќе чекори, надградена, проширена и раскрилена, нормално. – пишува Сарачини.

Што и да се случува во деновите и месеците што следуваат, имајте го ова на ум. Младиќот лично и одамна е решен – ќе стори сè што може да помогне иднината да добие шанса. Она девојче од паркот, младите иноватори, умните, искрени млади луѓе, сите граѓани кои секојдневно се вложуваат себе си, преку својата работа, преку одговорно, хумано однесување кон околината и луѓето, огромно мнозинство во нашата земја, наспроти гласното и насилно малцинство, кое ни нуди „чиста“ приказна за сè – односно за ништо, па и помалку од тоа. – констатира Сарачини.

На она девојче не му треба „камшикар“ за да биде во иднината. Како тоа девојче има многу. Имаме и луѓе и време да ја обезбедиме нашата иднина. Со надеж дека и Европа, што поскоро, ќе го отфрли „славното“ минато, кое почнува да ја загрозува нејзината иднина. – со оваа порака Сарачини ја завршува колумната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e