Сарачини: Место големи карти и сништа на малите балкански народи, да се обединиме сите, во голема Европа!

МЕСТО ГОЛЕМИ КАРТИ И СНИШТА НА МАЛИТЕ БАЛКАНСКИ НАРОДИ, ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ СИТЕ, ВО ГОЛЕМА ЕВРОПА!
За сите што не гледаат зло во картите на „етничка Албанија“, или во оние на „етничка“ Македонија, Србија, Грција, Бугарија..за луѓето од сите балкански народи, кои имаат будали што шират и кројат вакви карти (а ги имаат сите), имам една шокантна вест:
Балканскиот полуостров е етнички мешан, јунаци мои патриотски. Во секоја држава живеат припадници на неколку народи, некои во мнозинство некои во малцинство. Тој факт досега продуцираше не само мапи и карти, туку и многу жртви и страдања.
Така е тоа, цртањето на етнички карти ги пали лудаците и националистите и големите сништа за големи држави на малите балкански народи. Тие „големи“ држави се знае како се создаваат – само со војна, крв и страдања. А во 21 век – дури ни така. Еве, прашајте ги оние што го сонуваа сонот на Милошевиќ.
Секако, во овие војни не страдаат ѕвезди како Дуа Липа. Таа можеби ќе одржи хуманитарен концерт за жртвите. Некои други уметници, токму продавајќи вакви националистички сништа, стануваат политичари, пратеници, како Дурловски. Нема да страдаат ниту богатите, ниту политичарите…знаете кој ќе страда.
Можеби сум преостар и премногу ироничен, но ова е моето мислење за „етничките карти“ и сништа за „чисти“ држави.
А мојот сон е – наместо сите да кукаат за неправдите од комшијата, да соработуваме сите. И, да се обединиме – на картата на голема Европа! Така сите ќе бидеме големи и победници!

ФБ статус на Петрит Сарачини

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e