Сарачини: Александар Николоски, охридскиот рекордер во патни трошоци со 127.000 евра, вели дека ВМРО-ДПМНЕ сакало избори со митинзи

„ГРИЖА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ“ СО ПРЕДЛОЗИ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛЕН И ПРАВЕН ХАОС?

Николоски, охридскиот рекордер во патни трошоци со 127.000 евра, вели дека ВМРО-ДПМНЕ сакало избори со митинзи. Демек, или избори со сите нишани, или ич.

Ако ги следи светските вести за евентуално пронаоѓање вакцина, услови за такви избори и сендвич-караваните на МВРО-ВМРО ќе се создадат евентуално за година и пол -две.

Дотогаш, според генијалциве, Македонија треба да дреме без Собрание, со влада која може да владее ефикасно само доколку има вонредна состојба и уредби со законска сила. И со Наќе како министер за внатрешни, за да има уште поголема „почит“ кон мерките донесени за заштита на здравјето на граѓаните.

Разбираат ли што предлагаат ВМРО-ДПМНЕ? Или, намерно предлагаат правен хаос, за да останат релевантни и на масата за решавање, на која носат само проблеми а не решенија? Толку ли да се немало срам, после сите криминали, зла и цицање пари од народот?
ФБ статус на Петрит Сарачини

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e