Салто мортале на Иванов и на Мицкоски

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“:

-На пет дена пред референдумот, претседателот на државата Ѓорге Иванов и неговиот следбеник, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, направија салто мортале наместо мечкин скок.

Учителот по фискултура во основно училиште кога нè учеше како да рипнеме, а да не се повредиме, викаше трчај брзо, рипни високо, стутакај се како да клечиш, потоа газ преку глава и готово. Ака паднеш на задникот, ништо страшно, тој нема душа. Ако паднеш на глава, е тоа ти е салто мортале. Иванов и Мицкоски, во обид да направат мечкин скок, трчаа многу бавно, не рипнаа доволно високо и двајцата паднаа на глава. Направија скок на смртта. Наместо од првиот ден, од првиот час, активно да се вклучат во единствената можност да се реши проблемот со Грција и Македонија да стане членка на НАТО и да ги почне преговорите со ЕУ, тие трчаа назачки. Цел свет напред, тие назад. Скокот што го направија е самоубиствен бидејќи откако видоа дека референдумот ќе биде успешен и откако се уверија дека сиот свет ја поддржува Македонија, рипнаа во бездна.

Целата колумна на „Независен“ на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e