Република на возрасни граѓани Македонија

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ида Протугер Вељковиќ за Фокус.

-Веста што вчера ја соопшти премиерот Зоран Заев, дека е дојдено до решение кое би било прифатливо за двете страни, го прави навистина 17 мај 2018 голем ден за земјава.

Самата реченица дека е дојдено до решение, проследена со ракување на Заев и грчкиот премиер Ципрас е моќна порака која навестува позитивен исход од деценискиот спор.

Името Република Илинденска Македонија на оваа слика, барем според мене, се надоврзува како бонус, бидејќи се работи за достоинствен компромисен предлог со историска одредница и вграден идентитет на македонскиот народ. Но пред да се дебатира околу самото ново име на земјата, би сакала да укажам од нужноста од рационална дебата иако се работи за емотивно прашање.

Во светот на децата, кога детето вели не ја давам играчката и вреска, родителот му објаснува дека делењето е еден од условите за социјална интеракција и стекнување другарчиња. Не правиш компромис, ќе останеш сам со своите играчки. Во светот на возрасните, пораснатото дете сосема разумно разбира дека влегувањето во брак или партнерски однос е доброволно, но подразбира многу компромиси во однос на дотогаш личните преференци, кон заеднички.

Слично е и со светот на возрасните во делот на професионалните обврски. Не ти се допаѓа целиот комплет во професионалната средина, но за повисока цел (плата, кариера или слични лични цели), рационалното однесување ги надвладува емоциите.

Овие, можеби премногу поедноставени примери ги посочувам за да тргнеме во дебата околу спорот со името на прилично рационален начин, иако не ја негирам силната емотивна компонента во проблемот.

Целата колумна можете да ја прочитате ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e