Референдум и за амнестијата

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Кокаланов за Призма:

-Во Македонија и врапчињата знаат дека Христијан Мицкоски, ниту е лидер на партија, ниту е вршител на каква било политичка должност, тој не е ниту домар или клучар на злосторничкото здружение кое го претставува како што го нарекуваат некои, човекот си има јасен, еднозначен и недвосмислен капацитет со кој настапува на политичкиот мегдан – преговарач за амнестија. Неговата задача е проста како референдумско прашање – треба да се обиде да договори со власта и со меѓународниот фактор неговите работодавци да не одат во затвор. Просто како грав.

Мицкоски е бик, а амнестијата е црвен чаршав. Тоа значи дека што и да е темата фрлена на мегданот, Мицкоски ќе се обиде да убоде амнестија. Не ДИК, не референдум, не име, не презиме, не ЕУ и НАТО интеграции – закон за вештачко оплодување на пеперутки да треба да се донесе со двотретинско мнозинство, тој бесно ќе трча во арената, ќе рине со копитата и ќе исфрла пена од устата, барајќи со очите само една работа – црвениот чаршав.

Мицкоски е бик, а амнестијата е црвен чаршав. Тоа значи дека што и да е темата фрлена на мегданот, Мицкоски ќе се обиде да убоде амнестија.

Оваа битка, во која цела држава е ставена во позиција на матадор и, наместо да си брка своја работа, постојано треба да бега од забревтаниот бик, веќе трае предолго, исцрпувачка е и е мачна, не само за неа самата и за нејзините граѓани и институции, туку и за тоа кутро животинче, за бикот.

Зошто оваа корида да не запре, да го ослободиме Мицко од невозможната и исцрпувачка мисија, да ја ослободиме ако сакате и професорката Каракамишева од улогата на опаш, кој треба да ги брка мувите од валканиот газ на ВМРО-ДПМНЕ, и да им овозможиме на граѓаните, на оштетената страна во криминалот за кој се бара амнестија, да одлучат дали се подготвени да поддржат општа неказнивост за сите дела за кои СЈО води постапки?Референдумското прашање би било токму какво што бара злосторничкото здружение, јасно и гласно: Дали сте за ослободување од гонење, запирање на судските постапки и ослободување на осудените затвореници за кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите?

Резултатот, доколку се исполни цензусот секако и ако мнозинството гласа „за“, би бил обврзувачки за Собранието, односно, ако граѓаните одобрат амнестија, законодавецот ќе мора да донесе закон за амнестија и ова прашање ќе биде затворено. Ако не, се знае…

 

Колумната во целост прочитајте ја на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e