Рашковски: Владата е на сите. Да ја направиме општо добро

Почитувани граѓани.
Генерален секретар на Влада е одговорна функција. Двигател на владината служба. Секоја ваша идеја е добредојдена. Генералниот секретаријат на влада и по службена должност треба, но и затоа што му требаат, ќе ги прима Вашите идеи. Владата е на сите. Да ја направиме општо добро.

Почитувани новинари
Јавно е достапно моето CV. Тоа е мојот професионален профил. Личниот живот си е сечија интима. Генералниот секретаријат деновиве ќе ги повика сите новинари кои ќе соопштуваат за работата на Владата. Буквално се’ што Ве интересира ќе Ви биде вратено како повратна информација. Ќе имате максимална транспарентност. Се што ќе Ве интересира – прашајте. Така ќе добиете транспарентен одговор. Критикувајте, ама основано

Кај нас владее огромен оптимизам, а можеме да го поткрепиме со искуство. Верувајте за почеток. Потоа ќе се уверите.

Благодарам за подршката.

Драги Рашковски – генерален секретар на Влада на Р.Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e