Претседателот како Насредин-оџа

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за “Независен”:

Вчудовидувачки, но здраворазумните луѓе, по потпишувањето на договорот со Грција, сè уште играат на теренот на ВМРО-ДПМНЕ. Се обидуваат на самопрогласените уставобранители, национални идеолози и хигиеничари, да им го прочитаат и да им го толкуваат договорот со Грција. Тоа е исто како на атеисти да им го читате Стариот завет, очекувајќи дека ќе поверуваат во Господ, или на верници да им кажувате дека нема Господ.

Во таква мисија, што повеќе аргументи нудите, толку полошо за аргументите. Што повеќе им ја докажувате лудоста и штетноста од нивните постапки против сопствената татковина, толку повеќе добиваат на сила. Последен час е кога треба да се прекине нерегуларниот натпревар со тие што не го бранат ни името, ни идентитетот, ни државноста, ни иднината, бидејќи тие се одбранети со договорот, туку се пазарат нивните наредбодавачи и добродетели да не одат во затвор за своите злодела. Таму повеќе не може ништо да се направи, освен да се остават да си играат сами со себе.

Она што може и мора да се направи во ваков историски момент е да се насочи аргументацијата кон луѓето кои сè уште имаат дилеми и нејаснотии околу тоа што добиваме и што губиме со договорот, кој е ратификуван во Собранието на Македонија. Без ниту едно подметнување, без ниту една лага и обид за манипулација треба секој член од договорот да се појасни со разбирлив јазик за сите граѓани на Македонија. Но, истото тоа да се направи и за светот, бидејќи некои термини што ги усвоија противниците на овој договор патуваат низ светот. За наша среќа, противниците на договорот и во Грција лиферуваат партиски пароли и лаги во битката за власт кои го обиколуваат светот, а нам ни одат во прилог. Па, така, Грците што не се согласуваат со договорот велат: премиерот Ципрас им го даде на варварите светото грчко име Македонија, им го призна македонскиот јазик и националната припадност Македонец сосе македонско државјанство, а нашите големи патриоти велат дека со грчкиот договор не само што се променува уставното име, туку и се погазува сè што е македонско. Двете страни, и во Македонија и во Грција, кои се впрегнати во партиски битки за власт, различно го читаат и различно го толкуваат Договорот од Преспа.

Еве како тоа изгледа преку една приказна за Насредин-оџа, парафразирана преку Итар Пејо, во кој се беше преправил говорникот од Мечкин Камен, кој има уверение дека е претседател на државата. Велат, кога со лекарски документ докажуваш дека си нормален, а не со своите постапки, тогаш нешто не во ред со вашето здравје.

Целата колумна на “Независен” на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e