Пресврт: Договор, сепак, ќе има!

Вака сега: од добро информирани адвокатски и други висококвалификувани озборувачки кругови се дознава дека вчера и завчера се одвивала вистинска драма меѓу обвинетите за настаните од 27 април! Имено, откако Заев од собраниската говорница понуди амнестија за вмешаните во тие случувања – сирот Заев, се разбира дека и обвинетите така ја сфатиле онаа невешта понуда за „помирување“ – кај обвинетите дошло да голема еуфорија и раѓање на надеж дека сепак имало Господ (во нивната верзија, тој се вика Спасителот Великомаченик Зоран Заев Муртински) и дека за своите злодела нема да одговараат…
Но, за разлика од Господот, Ѓаволот ни ора, ни копа (во верзијата на обвинетите од 27 април, се работи за клето, двоглаво, непрокопсано суштество со две имиња, Никола Мицкоски, односно Христијан Груевски), па таквата понуда за амнестија од Заев била „принципиелно“ отфрлена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за да се зачува патриотската анти-НАТО и анти-ЕУ позиција на неменување на името согласно Преспанскиот договор, како најопортуна можност за враќање на власт.

Анти-климакс кај обвинетите: за злоделата, сепак, ќе си одговараат, за тероризам, според словото на Законот! Ај, беља работа!!!

Следствено, меѓу обвинетите настанал емотивно-политички „потоп“, чиишто вистински димензии се виделе на вчерашното затворено судење при сведочењето на загрозено-заштитениот сведок. Повеќемина од обвинетите побарале од своите адвокати итно да вртат телефони уште за време на судењето до двоглавото ѓаволско суштество Христијан Груевски и Никола Мицкоски и да им кажат вака: не се договорите ли во најскоро време за понудената итна амнестија, НИЕ, а не заштитените сведоци, ќе проговориме за тоа КОЈ и КАКО стои зад нарачката и командата на насилствата на 27 април во Собранието!

Колумната на Сашо Ордановски за ЦивилМедиа во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e