Празнична лектира за Мицкоски

Христијан Мицкоски, новиот лидер и јунак на ВМРО-ДПМНЕ, го дочекал утрото буден на прозорецот од белата палата за секој случај уште еднаш да провери дали пред зори е најтемно. Сакал лично да се увери во точноста на епската порака што ја упати до светот и до граѓаните на Македонија виа Америка. Неговите од револуционерната организација велат дека најдобро гледал во темница, имал сензори како лилјак. Летал Мицкоски во ноќта високо над Македонија сè додека не почнало да се разденува. Во првите мугри обневидел, па не можел да види дека средбата со историјата во Преспа не е завршена. Најцрната темница му се случила среде бел ден при здрави очи кои прогледуваат само во темнина.
Договорот меѓу Атина и Скопје уште е жив, иако камбаните најавуваа дека денес ќе осамне црн петок и ќе биде погребан. Ѕвездите се на небото и кога не се гледаат, а првите мугри носат виделина пред да изгрее сонцето на Исток. Ден е додека сонцето не зајде на Запад. Оваа природна и вселенска закономерност физичарот знае дека не може да ја промени никој. Законите на природата не можат да се сменат со гласање, ниту со револуции и војни. Можат да се забават историските процеси, но не можат да запрат. И кај нив има закономерност еднаква на природните закони. Тие што ги запираат историските промени ќе се најдат еден ден под нивните тркала. Ако се спротивставите со сила на природните закони следуваат трагични последици, ако ги запрете историските процеси во едно општество кога тие се стасани за промени, последиците не се помалку трагични.

Колумната на Ерол Ризаов во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e