Прашања што ме мачат

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Кокаланов за Призма:

-Од прашањата што ме мачат деновиве ги издвојувам: Дали по видеото на Пимен дека ќе гласа „за“ на референдумот, Агатангел ќе сними домашно видевце клекнат на колена со порака дека прав верник во недела оди в црква, а судбината на својата земја му ја препушта на господа?

Зошто Јанко Бачев сè уште не ја обвинил ненародната власт во Скопје дека го соборила рускиот авион во Сирија? Дали ќе залади времево? Уште колку лајка ѝ недостигаат на Ванковска за претседателска кандидатура? Дали пивото во зелена флаша е поздраво до тоа во окер шише? Што ќе правиме со иднината на земјава ако Уставниот суд изгласаше дека таа е противуставна? Дали постои принц на Кралството на Македонија и Црна Гора и дали тоа значи дека Хорхе ни е крал? И како лебави ви киднал крокодилот во Зоолошка, а никој не забележал?

Ако и вам ве мачат истите прашања, ајде да се обидеме да си ги одговориме едно по едно. Или барем некои од нив. Ајде да почнеме од последново.

Посетители на скопската Зоолошка градина, сведоци на настанов, ми ја раскажаа пред малку следнава приказна. Претпладнево таму се случил непланиран спектакл. Имено, крокодилот утрината бил случајно забележан како се капи во езерцето за патки. Вработените биле алармирани, по што тие веднаш провериле дали си е во неговото живеалиште. Откако се увериле дека не е таму, се кренала голема паника. Посетителите биле евакуирани на побезбедно од каде што ја набљудувале операцијата што следела – езерото бил делумно испразнето, а специјални екипи го уловиле крокодилот и го вратиле во неговото живеалиште.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e