После сончање, нема каење!

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Ордановски за ЦивилМедиа:

-Пост-референдумските анализи на британската одлука за Брегзит покажуваат дека мнозинството Британци НЕ СЕ за излегување од членството во Европската Унија – од оние што ИЗЛЕГОА да гласаат на референдумот, мнозинството (17,4 милиони луѓе, односно 51,9 насто) гласале за напуштање на ЕУ, наспроти 16,1 милиони кои беа против тоа.

Но, речиси сите бројни испитувања на јавното мислење покажаа дека од близу 13-те милиони гласачи кои, од различни причини, не излегле да гласаат на референдумот, ДВОЈНО повеќе би гласале за останување на Британија во ЕУ, одошто за нејзино заминување од Унијата. Да излезеа на референдумот, победата на проевропските сили во Британија ќе беше убедлива, какво што се чини дека е, впрочем, и генералното расположение во земјата и по референдумот.
Но, сега на овие Британци им е доцна да жалат заради својата мрзеливост (или заради други причини за спреченоста) да излезат и да гласаат на референдумот, после кој Обединетото Кралство запаѓа во сè поголема криза не само на својата дневна политика, туку и на своето политичко уредување и националниот идентитет, воопшто, на долги патеки.

Колумната на Сашо Ордановски во целост прочитајте ја ТУКА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e