Политички “Рестарт“ на ДПМНЕ

Кога преминувате од еден во друг политички систем секогаш има потешкотии, но мораме да го зададеме тој удар, за да можеме да го менуваме општеството на подобро.
Како генерација треба да сме самите свесни за се она што се случува околу нас. Пред се мислам на политичките процеси. И конечно да му дадеме тежина на се она што секојдневно го зборуваме.
Ние сме генерација која треба да придонесе кон раѓање на нова нација. Нација која ќе бара пред се силен образовен систем. Нација која ќе бара правда и праведност. Нација која заедно ќе се бори против криминалот и корупцијата. Нација која ќе се бори против искривени вредности, а во меѓувреме ќе промовира исправни вредности. Само така можеме да изградиме здраво општество за кое што секојдневно зборуваме, општество за кое сонуваме, општество кое го посакуваме.

Историјата и одреди на нашата генерација неверојатно важна судбина – да го заврши процесот на демократизација што нашата земја премногу долго и премногу бавно го развиваше, но што е нашето најмоќно оружје за стекнување на почит и углед во светот. Начинот на кој ние ќе се справиме со оваа суштинска состојба ќе го одреди нашето морално здравје како поединци, нашата културна висина како регион, нашето политичко здравје како нација и нашиот престиж како водачи на слободниот свет“, сето ова што го говорел големиот Мартин Лутер Кинг Помладиот, го прави оваа генерација политичари како што се Никола Димитров, Бојан Маричиќ, Мила Царовска, Оливер Спасовски и носителот на овој тим, идниот премиер Зоран Заев.

Како нација ги поминавме и овие избори. Во присуство на вирусот Ковид 19, како неизморен наблудувач
За првпат избори според посебни протоколи поради вирусот Ковид 19. Ако минатите изборни кампањи, автобусите се полнеа со подржувачи, сега целата таа битка се префрли на социјалните мрежи, каде се отвори простор за системско ширење на лажни вести, оцрнување и деградирање на цели семејства, а со тоа и правење шашми во главите кај гласачкиот електорат. Многу чудна и невообичаена кампања, но така налагаше новата состојба, во присуство на невидливиот и неизморсниот Вирус Ковид 19. Не само кај нас, туку во целиот свет. На изборите победи европската опција, Социјалдемократскиот Сојуз кој освои 46 пратеници, два пратеници повеќе од опозиционата ВМРО ДПМНЕ. Со што, Социјалдемократите се политичката партија која со сигурност ќе ја состави новата Влада. Што и беше очекувано, после една плејада од позитивни мерки (зголемини плати, зголемена минимална плата, укинување на радио-дифузна сметка, воведување на евтина струја, зголемување на социјалната помош, воведување на социјална пензија) со што ги придоби граѓаните на своја страна. Но мораме да обрнеме внимание на малата излезеност од страна на граѓаните кои имаат право на глас. Можеби за малата излезеност сите политички елити со причина ја регистрираат на адреса на вирусот Ковид 19, но мораме да сме свесни и за пораката која граѓаните ја упатија кон политичките партиите со нивното неизлевање и бојкотирање на изборите. Можеби е моментот за политичките елити да се свестат и да се насочат кон реално решавање на потребите на граѓаните.

ВМРО ДПМНЕ изгуби по трет пат, по што оставката на Мицковски е неизбежна

Со овој пораз се скрши духот на ДПМНЕ. Духот кој со години беше билдан врз неколку реторички столба. Идентитетот, името, јазикот. Сеење на омраза и пизма. Прогласување на патриоти и предавници. И ширење на лош национализам. Целиот тој идеолошки меур пукна, го снема. Идеолошката матрица на која собираа и штанцаа гласови овој пат, падна во вода. Граѓаните го препознаа Мицковски како политичар без црвени линии и бетониран став во однос на клучните политички прашања. Мора да имате кичма, карактер за да ги создавате институциите, тоа е она што му недостигаше на Мицковски. Водење на црна кампања “Крадецот, вели држете го Крадецот“, каде на секое обвинување за криминал, корупција, граѓаните се враќаа кај поранешното раководство на ДПМНЕ за кое има неколку големи судски случаи. Таквата состојба доведе гласачкото тело на ДПМНЕ да нема идентификациска нишка со што се доведе до демотивирање и раслојување на членството. Како резултат на тоа пост-изборно, сведоци сме на внатрепартиските отворени војни помеѓу истакнати членови на партијата, кои нормално бараат од Мицковски оставка од функцијата Претседател на ВМРО ДПМНЕ по изборните поразите во последните три изборни циклуси. Нај сериозен кандидат за иден претседетел на ВМРО ДПМНЕ е мојот сограѓанин, градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Како човек кој е многу кратко во политиката, во неколку наврати го покажа својот јасен став во однос на сите клучни политички прашања, со што членовите кои се за проевропско ДПМНЕ го препознаа како иден претседател на ДПМНЕ. На барањето за оставка се приклучи и поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски , како и Поранешниот Министер за здраство Никола Тодоров кои жестоко го нападнаа Мицковски и ова раководство. Најголемата националистичка партија која 11 години владееше со државата почна да пука по шавови. Што побрзо си заминат Мицковски и ова раководство, толку побрзо би се консолидирала партијата. На државата и треба силна и здрава опозициона партија, која би била коректив на идната Влада.

П.С. За крај станавме општество каде на многу лесен начин и без никаква одговорност спремни сме некој заради јавно искажан став кој не ни се допаѓа, кој идеолошки не ни е близок нам, да го “распнеме на крст или да го запалиме на клада“. Станавме махери за лепење на етикети и оцрнување на цели семејства. Социјалните мрежи вријат од ширење на лош национализам, шовинизам и фашизам.
Сакам исто така да дадам јавна подршка на политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ, поради сите гадости кои беа упатени на негова адреса и адреса на семејството од страна на разни шовинисти, националисити и фашисти скриени позади тестатурите, поради јавно искажаните ставови во политичка емисија на Канал 5 телевизија.

Колумна на Сашко Петров

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e