И по Ѓорге, Гордана

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ерол Ризаов за Независен:

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, два месеци пред да се одржат претседателските избори, го прогласи победникот со зборовите: „Професорката Гордана Силјановска-Давкова е новиот претседател на државата. Македонија ја доби првата мајка на нацијата“. Така, со 408 гласа „за“ на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ ни стаса првата сенародна мајка на сите граѓани. По таткото проф. Ѓорге Иванов, кој 10 години ни се оддолжуваше несебично и татковски за сè што за него направила татковината, сега, се разбира, ако ја избереме, ќе ни се оддолжува за сè што направила мајковината за неговата учителка и ментор, нашата натпартиска мајка. По таткото, стаса и мајката. Македонија е спасена. И по Ѓорге, Гордана. Божемски исто како и по Тито, Тито, ама многу поразлично.

Го разбирам Мицкоски поради големата потреба да прогласи победник пред да почне изборната кампања. Тоа е уште еден очаен обид за мотивација на членството по моралниот дебакл на криминалниот партиски врв, фатално и неизлечиво метастазиран во првите три раководни ешалони на компромитираната партија. Неговото благо дистанцирање од Никола Груевски со зборовите дека е само партиско минато, не е доволно да ја покрие трагедијата на 11-годишното клептокртатско владеење и упропастување на Македонија и нејзината кревка демократија, целиот општествено-политички и економски поредок, културен и кадровски геноцид, уништувајќи ги сите вредности и заробувајќи ја државата со сите нејзини институции со ужасна деградација на владеење на правото и комплетниот правосуден систем, со брутално уривање на импозантниот медиумски дострел меѓу 30 земји во светот каде што беше Македонија во 2006 – 2007 година. Не може да се симне тој тежок товар со тоа што ќе се прогласи за минато само таткото и творецот на „груевизмот“, со два збора да се заборави злосторничкото здружение и нивните злодела. Не е можна амнезија со проста реченица: Тој е наше минато. А, што правиме со сегашноста. Каде се наследниците, следбениците и извршителите на злоделата какви што не памети историјата откако е основана државата пред цели 75 години. Сите тие компромитирани политичари сè уште се во врвот на партијата.

И сега со нивна помош и поддршка на вмровската база оти без нив како силна партија не бивало, мајката на нацијата, Гордана Силјановска-Давкова ќе воведе владеење на правото, уставни измени како што треба, ќе ги забрза процесите за евроатлантските интеграции на Македонија, ќе ги исправи грешките од Преспанскиот договор и ќе ги вразуми Албанците и другите немакедонци да не претеруваат со барањата и со употребата на јазикот; ќе ја врати слободата и демократијата. Силјановска-Давкова ќе ги испере сите бербатлаци на ВМРО-ДПМНЕ. Бравос. Почнува новата ера на граѓанско општество со уривање на „заевизмот“ и со враќање на „груевизмот“. Милина една од континуитетот на мајката по заминување на таткото.

Колумната во целост прочитајте ја на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e