Писмо до мама Наде!

Почитувана госпоѓо мајка на лицето Никола Груевски, во слободно време лидер на опозициска партија. Крајно „загрижена“ за здравствената состојба на Вашиот син, Ве замолувам да поведете сметка, да му помогнете и да го натерате да се подвргне на здравствено испитување.
Вашиот син, лицето Н.Г., за жал, паднал во длабок розов сон, и се уште мисли и глуми дека е премиер.
Соодветно здравствено лекување ќе му помогне да се врати во реалноста и да свати дека веќе не е заштитена мечка, дека Македонија не се врти околу него, дека заврши неговото време на криминал, убиства, корупција, Сваровски судство, срамно обвинителство, контролирани медиуми.
Реалноста тешко ќе му падне, но ќе има време во мир да се преиспитува, да се покае и да одговара за се.

Катерина Цаневска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e