Петровски кон Мицкоски: Столчето ти се тресе па кукаш и колнеш како стара баба, опкружен со кодоши и удбаши

Филип Петровски се огласи во врска со скандалозниот говор на лидерот на ВМРо-ДПМНЕ Мицковски и, како што рече, злоупотребата на ВМРО-ДПМНЕ како алатка за сокривање на сопствената неспособност.
-Христијан ти си најголемата грешка на Груевски. Како советник во Владата и директор на ЕЛЕМ си одработи огромни суми и хидроцентрали за себе.
А како Генерален секретар и Претседател на партија си обезбеди за себе полициска заштита за акање по кафани, лупување и „прскање по градот“, со што на партијата и донесе само порази.
Ние му се извинуваме на членството во твое име. Јас три години укажувам каков лик ти навистина си. Сега сите те прочитаа и го кренаа гласот. Столчето ти се тресе па кукаш и колнеш како стара баба, опкружен со кодоши и удбаши (си ги знаеш точно кои се, некои линии водат и до тебе).
Кристијане ти не си ВМРО. И сега тоа ќе го слушаш секој ден. Време е да бидеш деконспириран. Јас и другите што ова ти го кажуваме не го напаѓаме ВМРО, туку го ослободуваме од тебе.
Деновиве ќе гледаш како сите ќе станат против тебе. Ќе излезе на видело целата злоупотреба на ВМРО, идеологијата и партијата за твоја приватна забава. – порача Петровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e