Петровска: Вие господа од СДСМ, имате историска одговорност пред народот!

Ќе гласам за СДСМ!
Сочувствителниот реторички дискурс кон наводната лоша социјална, политичка и историско-општествена положба на македонските граѓани, на Мицковски е очаен, фашистички и фашизоиден, впрочем е копија на „филозофијата“ на фирерот Груевски. Да немаме заблуда дека ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на евтин популизам, па симулира на рекламите реалност од соништата, чист симулакрум на Дизниевите бајки за деца. Но, во мнозинството граѓани има такви што тоа го гледаат со голем диоптер и не симулираат убедени поединци што одвај чекаат МАЈСОТРОТ да им дојде дома и да им ја среди куќата од темели. Смешно, жално и трагикомично е да се верува во веќевиденото, во веќедоживеаното сценарио на „благоглаголивите“ ОФЦИ.
Ние што стоевме простум додека тие , фашистите, создаваа „железна дисциплина“ во Државава и сакаа да нѐ клекнат на колена и да ни го свиткаат ʻрбетот, не сме со плиток ум, ниту сме со кусо памтење. Не ги забораваме казните што порачано ни ги праќаа на работа и дома, на суптилен начин, за да не се сетат „Власите“, што би рекле народски. Не забораваме колку ни беше плиток џебот, несигурен сонот, замаглена европската иднина, заболена државата од грујовистички вирус, ,, поопасен и од Ковид 19.
Вие господа од СДСМ, имате историска одговорност пред народот. Запомнете, имате грешки и треба да се свестите дека политичката филозофија е неделива од моралната филозофија. Затоа, врз вашиот грб стои и моралната одговорност пред оние што ви даваат право да бидете претставници нивни во народниот дом. Треба да бидете дораснати на должноста што тие ви ја дале: ДА БИДЕТЕ НЕГОВИ ГЛАСНОГОВОРНИЦИ.
Фатете се цврсто, рамо до рамо против опасноста од повампирениот фашизам, олицетворен во ДПМНЕ и зададете му смртен удар, никогаш повеќе на политичката сцена да не му се даде можност и поле за дејствување. Тоа ни го должите нам, на сите самосвесни граѓани, без разлика на нашата национална и религиска припадност. Вие сте мултинационална партија, со европска ориентација и не дозвлолувајте смртоносниот национализам да завладее заради вашата попатна недооденост. Исправете се, до вас стоиме ние што сме многубројни во желбата „гасните комори“ на Грујо да останат само умрени политички енклави, пусти желби на заробениот ум на избудалениот МАЈСТОР на чистокрвната закрвеност – смртта да го победи животот. Фашизмот е мртов!!! Погребете го неговиот изрод, ВМРО-ДПМНЕ!!!
Верувам дека сите прогресивни граѓани во вас ја гледаат перспективата на државата, својата перспиктива и перспективата на децата.
Јас ќе гласам за вас, зашто во прашање се високи цели. Неизлегувањето на гласање е глас за ДПМНЕ. Затоа, ви ја доверувам својата доверба и довербата на моите деца кои сакам да растат во широкиот дом – ЕВРОПА!
Заокружете го бројот три, број со голема симболика во себе: БРАТСТВО, ЕДНАКВОСТ, СЛОБОДА!
ОБРАЗОВАНИЕ, ЗРДАВЈЕ, ПРАВДА!
ЉУБОВ, КОСМОПОЛИТИЗАМ, ЕВРОПА!

ФБ статус на Даниела Петровска 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e