Павле Богоевски поднесе оставка, дали победи јавноста?

Павле Богоевски, иако немаше тврди докази против него, сепак поднесе оставка. Тоа е чин со кој пратеникот ја прифати моралната и етичката одговорност, иако многумина ова го протолкуваа како победа на притисокот на јавноста.

Само би сакал да ја потсетам победничката јавност дека во Собранието моментално има неколку пратеници за кои има отворени кривични постапки, течат судења, за што Обвинителството/СЈО мора да има сериозни докази. Доста слушнавме и со наши уши во „бомбите“, многу повеќе од тоа што го слушнавме за Павле. На страна фактот што меѓу нив има и осуден воен злосторник, за убиство на цивили.

Дали победничката јавност ќе продолжи да победува? Ќе побара ли толку силно и гласно, како за Павлета, овие луѓе, за кои нема само снимка која не говори ништо конкретно, туку многу повеќе, да си поднесат оставки, барем од морални или етички причини? Ќе се направи ли таков притисок, како за Павле?

Јас знам дека нема. А вие прашајте се зошто.

Петрит Сарачини

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e