Ова што сега го прави Груевски е со една цел, да почнеме да го жалиме дека отишол со паметот

Да се вратиме малку на надреалните работи во Македонија. Го гледам Груевски последниве неколку дена, оди по институции, проекти, села, градови, реки, брда, планини и стадиони. Збори, ветува, опипува, а бе се понаша како во неговите најдобри денови што за волја на вистината се веќе многу далеку зад него.

Е сега, студирајќи ја неговата јавна изложеност и неговата досегашна стратегија за односи со јавност и знајеќи дека многу добро го знае кодот на народот, убеден сум дека ја искалкулирал сентименталноста на граѓаните. Доста примери до сега покажале дека сме жалослив народ, сочуствуваме со многу судбини, па затоа и на ум сум дека ова што сега го прави Груевски е со една цел, да почнеме да го жалиме дека отишол со паметот.

Да шеташ низ проекти и да ветуваш нови од позиција во која вистински се наоѓаш, не е ништо друго освен одбивање или тешко соочување со реалноста во која навистина си западнат. Сето ова негово бегство од таа позиција укажува дека или намерно или (пу пу недај боже) ненамерно човекот стварно ги има испукано гумите во умот. Навистина, немам друго логично објаснување за ова негово последно понашање.

И покрај све, едно само ќе му посакам. Господ и народот нека му простат. Судот и правдата – НИКАКО!

Влатко Васиљ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e