Љупчо Николовски заедно со Јована Тренчевска денеска присуствуваа на трибина со пензионерите во Крива Паланка.
Тој имаше срдечна средба и искрена прегратка со својата прва учителка.
“Мојата учителка Слободанка, денес пензионерка, исполнето ги поминува пензионерските денови. Ја паметам нејзината посветеност да го пренесе знаењето до секој ученик. Вечно сум и благодарен што беше темелот на моето образование. Денес мојата посветеност е како за неа, но и за секој еден пензионер, да му обезбедиме солидна пензија и безгрижни пензионерски денови.” – посочи Николовски.