Николовски: Горд сум на воведената мерка за финансиска поддршка на жените земјоделки со 3.000 евра

Посебно сум горд на денес воведената нова мерка за финансиска поддршка на жените земјоделки со 3.000 евра. Како министер ми беше предизвик целосната реализација на оваа нова политика.

Креирањето на мерката за Поддршка на жените во руралните средини е позитивен пример за учество на сите чинители во процесот на зајакнување на позицијата на жените претприемачи во земјоделството.

Како Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство формирав работна група за родова еднаквост и зајакнување на улогата на жените.
Работната група беше составена од претставници од повеќе владини институции но и Националната федерација на фармери, невладини организации, Факултет за земјоделски науки и храна, како и UN Women Skopje. Заедничката работа заедничкиот труд, залагање, напор, го гледаме денеска преку успешна реализација на оваа мерка.

Честитки и благодарност за сите што дадоа свој придонес. Тоа е вистински начин, тоа е прав пат!

ФБ статус на Љупчо Николовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e